Втора работна средба за заинтересираните страни во Благоевград, Република Бугарија

 

Датум: 16-17 јуни 2014
Локација: Благоевград

Предмет: Покана до бизнис секторот и граѓански организации  за присуство на настан: Втора работна средба за заинтересираните страни во Благоевград, Република Бугарија

 

Почитувани,

 

Здружението Регионалн центар за Застапување од  Делчево ве поканува на јавен настан  за втората дводневна средба наменета за целните групи во проектот „ Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија” кој ќе се одржи на 16 и 17 јуни 2014 (понеделник и вторник) во Благоевград, Република Бугарија. Целта на настанот преку заедничка работилница засегнатите страни претставници на локалните самоуправи, општинските совети,  бизнис секторот, здруженијата и заинтересираните граѓани преку лични контакти и размена на искуство да придонесат до зголемување на соработката во прекуграничниот регион Делчево – Благоевград а со крајна цел подобрување на локалниот економски развој и зголемено искористување на фондовите од ЕУ.

 


Настанот „Дводневна средба на заинтересираните страни за размена на искуства“ е дел од проектот “Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија”, финансиран од страна на Европска Унија ( ИПА програма Прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија), а е воден од Здружението Регионален центар за застапување Делчево.

 

Со почит,

Регионален Центар за Застапување - Делчево

 

Контакт:

 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , +38933511940