Спроведена локалната акција "Искажи го својот проблем и заедно да го решиме"

На јавниот настан  „Искажи го својот проблем и заедно да го решиме“ во организација на Младински образовен форум  на 14 јуни 2014 во 12 часот, во Градскиот парк на општина Делчево беше спрведена локална акција накојa преку креативен настан малдите во општината ги искажаа своите пробелми, потреби и дадоа свои идеи со цел за подобрување на состојбата на младите во општината.

              

Локалната акција се спроведе со цел младите во општината да ги искажат своите проблеми, потреби и идеи за идно подобрување на нивната состојба. На настанот беа поставени штанд,  табла и кутија на која младите ги запишаа своите потреби, проблеми и идеи, а по завршувањето на настанот се очекува организаторите да спроведат анкета во СОУ Методи Митевски Брицо- Делчево, и заедно со проблемите, потребите и идеите од настанот да се направи анализа на истите и да се достави до Градоначалникот на општината очекувајќи во иднина коментар и писмен одговор-реакција на резултатите од анализата  на потребите проблемите идеите искажани од младите.

 

Настанот „Искажи го својот проблем и заедно да го решиме“ е дел од иницијативата за основање на локален младински совет во општина Делчево, во рамките на проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики”, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12те општини во кои се спроведува овој проект е и општина Делчево.

             

На настанот учествуваа околу 80 млади кои дадоа свои идеи, ги запишаа своите потреби и проблеми и апелираа барем дел од нив  да бидат остварени.

            

 

Настанот се затвори во 15 часот со завршен говор на организаторите на локалниот настан.