До крајот на годината Делчево со формиран Локален младински совет

Со досега спроведените активности и обуките кои исто така беа спроведени со цел зајакнување на капацитетите на членовите на иницијативниот одбор, во општина Делчево се очекува да започне со работа Локалниот младински совет.

  

Иниијативнт одбор помина низ циклус на обуки кои што во иднина ќе бидат применети во целокупната работа во активностите на Локалниот младински совет. Активностите се спроведуваат рамките на проектот “Развој на локални младински полититки и локално младинско учество”, кој е финансиран од Европска унија а се спроведува од страна на Младински образовен форум, во соработка со Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово и Регионален Центар за застапување - Делчево. Проектот е насочен кон младите во општината, малдинските организации и секаков вид на младинско здружување.

До крајот на годината се очекува Иницијативниот одбор да започне кампања и да се оранизираат локални настани преку кои ќе се информираат граѓаните на општина Делчево. Исто така се планира да се одржат денови на вмрежување на кои ќе се подготви целосната документација и конститутувна седница за формирање на Локален младински совет во општина Делчево.