Повик за основачко собрание на ЛМСД

Почитувани,

 Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Локалниот младински совет во општина Делчево кое ќе се одржи на 16.01.2015, во 12.00 часот.

Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации, како и други младински структури кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативата. 
Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи до формираната Комисија за верификација на апликациите на следните е-маил адреси:
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ljupka_07_18@yahoo.com, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 Задолжителни документи

1.       Портфолио за работа на организацијата/неформалната група

2.       Мотивационо писмо за учество не повеќе од  300 збора.

 

 Документи кои ја потврдуваат работата на организацијата/структурата. (не се задолжителни, но се преферираат)

1.       Статут

2.       Годишни извештаи за предходната година

3.       Тековна состојба на организацијата


Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е до 06.01.2015 до 16 часот 2014 година, а до 09.01.2015 да бидат доставени и оргинал документи по пошта на адреса  Маршал Тито бр.184, 2320 Делчево, Република Македонија. До 09.01.2015 ќе бидат известени сите одобрени организации кои ќе учествуваат на основачкото собрание, а веднаш потоа ќе биде објавен и повикот за пријавување на делегати од избраните организации, кои што ќе аплицираат за позиција Претседател и членови на Управен одбор на ЛМСД.


Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници на
Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет.

 

 
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.