Втора меѓународна конференција за Зелена Агенда

Во понеделник, 8 Јуни, во 11 часот во Хотел Инекс Горица во Охрид, Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, ќе ја отворат втората меѓународна Конференција за климатски промени. Тридневната конференција (8-10 Јуни 2015г.) е организирана од Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија.

Повеќе од 100 претставници на граѓански организации и општини од Југоисточна Европа (Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора), САД и Холандија, како и официјални претставници на УНДП, УНЕП, УНЕСКО и други дипломатски мисии во Македонија се очекува да присуствуваат на Конференцијата. Академски професори и истражувачи во областа на природните науки, шумарство, земјоделство и градежништвото, парламентарци, претставници од Националната Агенција за енергетика, Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Управа за хидро-метеоролошки работи, претставници од министерствата и од локалната самоуправа се исто така поканети да учествуваат на Конференцијата.

 

Втората меѓународна Конференција за климатски промени ќе ги охрабри напорите за соработка во решавањето на климатските промени, ќе поттикне размена на најдобри практики, и ќе ја промовира на употребата на методологијата Зелената агенда како уникатен локализиран пристап на проектот и ефикасен начин да се одговори на климатските промени.

 

Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија (МКМ), е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти. Проектот го зајакнува граѓанското општество со стимулирање на граѓански активизам. Активностите се фокусирани на осум општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница. Оваа година, активностите ќе бидат проширени на уште две општини: Делчево и Прилеп. Американскиот народ, преку Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за справување со климатските промени, ќе инвестира 3,080,000 долари за различни активности во избраните општини. Времетраењето на проектот е 48 месеци, а се имплементира во периодот помеѓу 2012 и 2016 година.

Превземено од web страната на Milieukontact Macedonia