Спроведена обука за Енергетска ефикасност - сончева енергија

                                                                               

Енергетски ефикасно училиште

 

Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за Застапување, ООУ Ванчо Прќе и општина Делчево


На ден 22.06.2015 се одржаеднодневна обука на тема Енергетска ефикасност – сончева енергија,  во рамките на проектот “Енергетски ефикасно училиште, финансиран од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје.

        

Цели на проектот:

n  Преземање на енергетско ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови

n  Добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација

n  Промоција на енергетската ефикасност и промоција на проектните активности преку подготовка  на промотивни материјали

Еднодневната обука на тема енергетска ефикасност – сончева енергија е една од  предвиденнте активностите во проектот, и беше наменета за вработените во училиштето, родители на ученици кои учат во училиштето и членови на Регионалниот Центар за Застапување, со цел да се информираат повеќе за сончевата енергија и нејзиното искористување во различни индустрии и домакинствата.


 На обуката учество земаа околу 30 учесника од релевантните институции.

 Обуката заврши во 13.30 часот.