Прв младински камп за климатски промени

Во рамките на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија во периодот од 21-27.08 2015 година беше организиран Младински летен камп посветен на климатските промени. Кампот се одржа во Извидничкиот центар Крсте Јон во Струга.

На кампот учествуваа млади лица на возраст од 15 до 17 години од десетте општини во Македонија каде што се спроведува проектот – Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово и Ростуша, Прилеп и Делчево.

   

Кампот е дел од кампањата за подигање на свеста на граѓаните за климатските промени, за нивното значење, нивните последици и како да се заштитиме од нив. Целта на кампот беше младите лица да се запознаат со актуелниот проблем на денешницата – климатските промени, кои не ја одминуваат ни територијата на нашата земја.

Учесниците на овој камп беа првите млади лидери во своите општини што ќе го пренесат стекнатото знаење и искуство на своите сограѓани и другари, а со тоа ќе ја зголемат свесноста за начините на справување со промените што ни се случуваат секој ден и се сé повидливи а последиците се поголеми.

  

 

Кампот имаше образовно-забавен карактер. Во текот на седумте дена од одржувањето на кампот се одржаа различни активности и содржини кои имаат за цел активно вклучување на младите како и поттикнување на креативно размислување во правец на конкретните проблеми со климата со кои веќе се соочуваме. Содржините и активностите беа распоредени во текот на денот преку конкретната тематска зададеност и предадени преку теории и дискусии, конкретни активности, забавни и едукативни игри, презентирање на играни и документарни филмови на тема климатски промени и секако простор за плажа и слободни активности во градот Струга.