Проект на УСАИД за општински стратегии за климатски промени во Општина Делчево ги спроведува проектните активности

На 03.02.2016г. од 12 часот во просториите на Регионалниот центар за застапување Делчево, се одржа работен состанок со формираните четири групи, кои што работат во процесот на изготвување на општинска стратегија за климатски промени. Работните состаноци се одржуваат како дел од планот на активности во рамките на проектот Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија во соработка со Регионалниот центар за застапување во партнерство со Општина Делечво, финансиран од УСАИД.

Досега се одржани 11 состаноци на кои што се формирани 4 групи, и истите работат на определување на функции на вредности во општината, утврдување на климатските трендови/тенденции, се правеше анализа на влијанијата на климатските промени врз функцијата, се оценување моменталниот адаптивен капацитет кон климатските промени, потоа се утврдуваа проблемите предизвикани од климатските промени, се дефинираше визијата за одржлив развој а според визијата се утврдуваа и мерки за адаптација кон климатските промени. На последнит состанок работните групи направија утврдување и приоритизирање на мерки за митигација на климатските промени.

Целта на овие состаноци е од приоритизираните мерките да се развие предлог проект за две интервентни акции кои што ќе бидат имплементирани со буџет од 20 000,00 и 120 000,00 долари, со 50% финансиско учество на Општина Делчево и 50% финансиран од УСАИД. Овие концепти се во процес на изготвување и се очекува помалата интервентна акција да се имплементира до месец мај, а поголемата интервентна акција да биде завршена до месец септември 2016г. И втората цел на проектот е да се развие 3 годишен акционен план за климатски промени во Општина Делечво.