Започна реализацијата на проектите од Третиот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија

Започна имплементацијата на проектите од Третиот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија CCI NUMBER 2007CB16IPO007. Проектот ќе се спроведува во соработка помеѓу Генералниот директорат за Територијална соработка и управување во рамките на Министерството за Регионален Развој и Јавни Работи на Р. Бугарија, како Управен Орган (УО) за Р.Бугарија – Р.Македонија на ИПА Програмата за прекугранична соработка, Регионална Стопанска Комора за Трговија и Индустрија- Благоевград и Регионален Центар за Застапување – Делчево.  Проектот е ко-финансиран од Европска Унија, а истиот ќе се спроведува во времетраење од 12 месеци и има за цел да придонесе за постепено усвојување и употреба на тимска работа и тимска ефективност во граѓански здруженија и структури во Република Бугарија и Република Македонија, како важен фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија. Во однос на ова проектните активности вклучуваат истражување во областа на управување со човечки ресурси, обука за развој на напредни вештини и  компетенции, како и трансфер на најдобрите практики во управувањето со човечките ресурси.