Tрета обука во рамки на проектот „Животна средина, демократија и градење капацитети за Архуска Конвенција во регионот Малеш-Пијанец„

Во Делчево во перидот од 15-17 октомври се одржува работилница во рамки на проектот од областа на животната средина, кој има за цел градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Малеш – Пијанец. Темата на оваа работилница е правото за слободен пристап до информации од јавен карактер како еден од трите столбови на Архуската конвенција.

Претходно РЦЗ оддржа две работилници, ова е трета работилница на која експерт ги запозна присутните со правото за слободен пристап до информации согласно оваа конвенција. Проектот„Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Пијанец – Малеш“ го почнавме месец јуни и ќе трае до крајот на годината. во рамки на истиот имаме спроведено две истражувања, едното е веќе завршено и тоа се однесува за локалните самоуправи од регионот и за Центарот за развој на Источно-планскиот регион за тоа кои стратешки документи од областа на животната средина се донесени во последните 4 години за колку од нив се направени стратешки оценки за влијание врз животната средина и во колку од нив при донесувањето била вклучена јавноста. Второто истражување во рамки на проектот, се реализира преку онлајн анкета, со цел увид во предзнаењата на граѓаните за трите столбови за Архуската конвенција.

Помладиот соработник за аналитички работи во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Горјан Гилевски, денес во улогата на експерт пред присутните, претстави дел од посебностите на законот, како еден од главните столбови на Архуската конвенција.

-Во целиот овој процес имаме иматели и баратели на информации, со што на присутните сакаме интерактивно да им покажеме како функционира Агенцијата, да се проанализира законот и да се развие заедничка дискусија со корисни практики за учесниците. Ова е нов модул на обуки, прва година на соработка ни е со Националниот демократски институт и се надеваме дека соработката и понатаму ќе продолжи, рече Гилевски.

Со цел приближување на оваа тема до граѓаните, до крајот на реализацијата на проектот ќе се спроведе и поголема промотивна кампања со телевизиска дебата и изработка на промотивно видео и промотивни материјали. Пaртнери на Регионалниот центар за застапување во имплементацијата на овој проект се здружението „Амброзија“ од Пехчево и еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица. Проектот е финансиран од Европската унија, преку регрант на Милиеуконтакт Македонија.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)