Анализа на стрaтатешки документи за Енергетска ефикасност на општините Делчево и Пехчево

Регионалниот центар за застапување Делчево и здружението „Амброзија“ од Пехчево ја започнаа анализата на исполнетоста на програмите за енергетска ефикасност. Проектот кој е финансиран од ЕУ, а имплементиран на национално ниво од неколку поголеми организации во Македонија има неколку цели меѓу кои и ревизија на имплементацијата на енергетско-ефикасните програми како и информирање на граѓаните за можностите што ги нудат енергетско-ефикасните мерки.

-Ова е проект кој е финансиран од ЕУ, имплементиран на национално ниво од Милиеуконтакт Македонија, Коцка и Фронт три поголеми организации, на регионално ниво се имплемтира од здруженијата „Амброзија“ од Пехчево и РЦЗ Делчево во соработка со општините Делчево и Пехчево.Во моментот се прави анализа на исполнетост на програмите за енергетска ефикасност, со целните групи односно претставници од локалните институции од Делчево и Пехчево, за да видиме колку се имплементирани тие програми и колку објекти се поврзани со енергетската ефикасност односно колкав е процентот на енергетско ефикасни мерки во објектите кои се преземени во делот на јавниот сектор и во делот на јавното осветлување во Делчево. Покрај ова во рамки на проектот е предвидено спроведување на поширока кампања во регионот за преземање на енергетско-ефикасни мерки и во изминатите два месеци се спроведуваше една по обемна анкета на околу 1000 испитаници за преземени енергетско-ефикасни мерки во приватниот сектор односно во своите домови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)