
Почитувани млади,
Би Ви биле благодарни доколку издвоите од Вашето време и го споделите со нас Вашето мислење за проблемите и потребите на младите од Делчево. Анкетата ја спроведува Регионалниот центар за застапување во рамки на проектот „Младински глас за локална акција“ и истата е анонимна. Од целосното истражување ќе произлезе извештај со заклучоци и препораки за понатамошно дејствување од страна на клучните чинители во делот на младите и нивното учество во локалните заедници.
Ви благодариме однапред!
ЛИНК до анкетата – https://forms.gle/Lg3rJdnbKzt53HrCA