Брнс : Овој проект не само што ги исполни туку и ги надмина нашите очекувања

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, која присуствуваше на Саемот за социјално претприемништво организиран од страна на РЦЗ истакна дека прв чекор во насока на градење подобра иднина е да се слушнат младите, да се соединат во мрежа на познанства за понатаму да се спроведуваат идните нивни идеи.

-Ако сакаме да градиме подобра иднина треба да инвестираме во оние кои се двигатели на подоброто утре, а тоа е младината. Прв чекор во остварување на оваа цел е да се слушнат младите, да се соединат во мрежа на познанства за понатаму да се спроведуваат идните идеи. Овој проект не само што ги исполни нашите цели, туку и ги натфрли нашите очекувања, а тоа  е благодарение на сите што помогнаа на младите за да ги остварат целите. Мојата заложба е да се креираат конекции меѓу младите луѓе, локалните бизниси, институции, владата за подобра иднина на нашите идни генерации, рече Брнз.

Освен амбасадорката на САД во Скопје на настанот присуствуваа и претставници од Амбасадата на САД во Софија, претставници од бизнис-заедницата, невладиниот сектор, како и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој потенцирајки го значењето на социјалното претприемништво истакна дека во поддршката на социјалната економија потребно е да се вклучи и пошироката бизнис- заедница паралелно со јавните институции и агенции, како и граѓанскиот сектор.

-Во земјава има само триесетина фирми формирани врз основа на социјалното претприемништво, а во Делчево нема ниту една. Тогаш е јасно, колкаво е значењето на овој проект во кој активно беа вклучени млади лица. И всушност, за многу работи треба и да учиме од младите, да го слушаме нивниот глас, идеи, бидејќи тие се и прогресивната сила, онаа која води напред во развојот на едно општество. Како градоначалник на Делчево, сакам да испратам порака дека даваме поддршка на реализацијата на сите проекти кои носат и отвораат една нова перспектива, рече Трајковски. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)