
Регионалниот центар за застапување започнува со реализација на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ чија цел ќе биде јакнење на улогата на граѓанските организации и јакнење на капацитетите на бизнис секторот од микрорегионот за важноста на имплементацијата
на концептот зелена економија и зелено претприемништво во нивната секојдневна работа. Со проектот кој ќе се спроведува во наредните 5 месеци ќе бидат опфатени 20 локални граѓански организации и 5 мали и средни компании од микорорегионот Пијанец – Малеш.
Согласно предвидените активности во периодот кој следува проектниот тим ќе направи анализа и истражување на компаниите од различни сектори во микрорегионот Пијанец – Малеш за
тоа како го применуваат концептот за зелена економија во нивното работење, а потоа ќе се зајакнат капацитетите преку две обуки на 10 граѓански организации и 5 компании од различни сектори од
регионот за примена на концептот за зелена економија со експерт од областа. Во рамки на проектот ќе биде изработено и промотивно видео кое ќе се однесува за зелените работни места како дел од примената на овој концепт во Македонија .
Проектот е финансиран од ЕУ во рамките на
проектот НАГЕ/NAGE- Вмрежување и застапување за зелена економија кој го спроведува Мрежата за рурален развој.