
НВО „Регионален центар за застапување“ во партнерство со Општина Делчево ја одржа првата работилница во врска со изработката на Стратегија за соработката со граѓанскиот сектор. На работилницата присуствуваа претставници на десетина активни невладини организација во општината кои се вклучени во процесот на изработка на стратешкиот документ.
– Проектот НВО „Регионален центар за застапување“ го имплементира заеднички со општина Делчево, а главна цел за изработката на овој документ е овозможување активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање на развојните политики, активности и иницијативи, како и создавање предуслови за формирање на ефикасни партнерства во нивно реализирање. Проектот ќе се реализира во текот на наредните 8 месеци, а во постапката на изработка на стратешкиот документ и акцискиот план ќе бидат вклучени претставници од активните невладини организации во Делчево, истакна Тони Стоименовски од Регионалниот центар за застапување Делчево.