
Вториот транснационален проектен состанок во рамки на проектот „Патоказ на еколоши практики во младинската работа во руралните области и урбаните предградија“ се одржа во Делчево, во периодот 25-27.03.2022 година. Овој состанок имаше за цел да обезбеди правилно извршување на активностите од проектот, анализа на постигнатите резултати од првата работилница која во февруари се одржа во Делчево и соодветно оперативно планирање на претстојните активности – следните состаноци и работилници. На овој состанок посебно внимание беше посветено на преглед на хоризонталните проектни активности и достигнувања. Домаќин на состанокот беше Регионалниот центар за застапување – Делчево, а учесници беа претставници на двете партнерски организации, Институтот за културно наследство – Бугарија и Associação para a Igualdade AEQUALITAS – Португалија. Организацијата домаќин во текот на трите дена подготви агенда за утврдување на развојот на проектот во првите месеци од неговата реализација и анализа на досегашните постигнувања.

Освен дискусиите за фидбекот кој го добиваме од целните групи, на состанокот се зборуваше за поинтензивна визуелизација на проектот, собирањето на еко пракитки кои се корисни за младинските организации и кои еко вештини им се потребни на младите за да може да развиваат вакви практики.


Престојот на проектните партнери во Делчево го искористивме истотака и за посета на неколку значајни локации во источниот дел од државата. Проектот започна во Ноември 2021 година и ќе се реализира во период од 23 месеци. Освен оваа работилница ќе се организира уште една во Делчево и по една во Бугарија и Португалија. Во меѓувреме ќе има настани и активности за подигнување на јавната свест во оваа област. Целта е на крај на проектот да произлезат неколку клучни еко практики кои преку програма партнерските организации ќе се обврзат за нивно имплементирање во својата работа, но и пренесување на своите целни групи. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ (Erasmus + KA21-YOU, Small scale partnership in youth).