ДЕБАТНА ЕМИСИЈА „ КАКО ИНТЕРНЕТ ПРОСТОРОТ ДА СЕ ИСКОРИСТИ ЗА ДА СЕ УЧИ МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“

Во рамки на проектот „Интернет суперхерои“ кој РЦЗ го спроведуваше во периодот од ноември 2019 до март 2020 година, беа снимени 5 телевизиски емисии со медиумот партнер ТВ Стар, кои опфаќаа различни аспекти од темата медиумска писменост. Емисиите се снимаа на различни локации, притоа опфаќајќи гo источниот регион. Во продолжение е линкот до првата емисија во која тројца експерти од областа, односно новинар – водител, универзитетски професор од катедрата за новинарство и односи со јавност и еден магистер по медиуми и комуникации дебатираа на темата „Како интернет просторот  да се искористи за да се учи медиумска писменост“. Во истата се споделија трендови и реални состојби од овој регион на државата како и совети за она што понатаму треба да се направи на оваа тема. Емисијата беше содржински доста исполнета и богата со факти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)