Делчево годинава ќе го добие првиот младински Хаб за социјално претприемништво

„Бизнис развој на  млади преку социјално претприемништво“  (Business youth development through social entrepreneurship) е едногодишен проект кој РЦЗ го започна на крајот од 2020 година во Делчево. Целта на проектот е да се подигне јавната и институционална свест за социјалното претприемништво, да се стимулира развојот на нови социјални производи, услуги, технологии и можности во источниот регион на земјата, што долгорочно ќе донесе повеќе приходи, раст на економијата и подобар животен стандард. Целна група на проектот со младите лица од Делчево кои ќе бидат вклучени во повеќе активности во текот на наредните месеци.

Планирано е да се зајакнат капацитетите на околу 50 млади луѓе и засегнати страни од регионот за социјално претприемништво преку процес на развој на иновативни идеи за социјален бизнис и менторска поддршка. Да се подигне свеста на повеќе од 10.000 граѓани во регионот за поддршка на социјалното претприемништво, социјални иновации и соработка. Како краен и најзначаен резултат од проектот ќе биде воспоставување на првиот Младински ХАБ за социјално претприемништво во Делчево за социјално претприемништво чија цел ќе биде развој и поддршка  на претприемачки вештини на граѓаните во следните две години.

Одржливоста на проектот ќе се реализира во неколку различни насоки:

– Капацитетите на младите ќе бидат зајакнати и сите заинтересирани институции и невладини организации можат да земат дел од тој процес.

– Општина Делчево ќе може да ги насочи сите мерки и стратегии за социјално претприемништво кон работата на Хаб-от

– Волонтерството ќе биде иницирано како процес што ќе промовира служење на нашата сопствена заедница

Проектот е финансиран од Американската Амбасада во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)