
Дел од работодавачите, не се во целост запознаени со сите мерки кои треба да ги имплементираат во делот на БЗР. Токму кон нив беа насочени активностите на Регионалниот центар за застапување како дел од проектот „Промовирање стандарди за БЗР и следење на спроведувањето на БЗР во источниот регион“ . Преку издавање на прирачник за безбедност при работа наменет за работодавачите се поттикнува бизнис секторот и јавниот сектор од овој регион да одржуваат повисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, но и воопшто работниците да бидат подобро запознаени со безбедноста на своето работно место.
Овој проект РЦЗ го реализираше во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, а е финансиран од Европската Унија. Во продолжение линк до електронската верзија на прирачникот.
https://docs.google.com/document/d/1PDzT1NmxzHWcWTDZ5d09zVC4cGRHayQMTXQgJSZEYlk/edit?usp=sharing