
Во периодот од 25-29 ноември 2019 година во Делчево за првпат се спроведе неделна кампања за подигање на свеста за медиумската писменост и справувањето со лажните вести. Оваа кампања беше во рамки на проектот „Интернет суперхерои“ кој РЦЗ го спроведуваше во период од 5 месеци. Оваа кампања опфати повеќе активности, три едукативни работилници за основци и средношколци за практично надоградување во областа на медиумската писменост, кино проекција на едукативни филмчиња кои обработуваат теми поврзаи со медиумската писмености лажните вести наменети за сите граѓани и инфо ден за делење на едукативни флаери за граѓаните. Интересот од сите вклучени беше голем и проектниот тим се надева дека и овааа кампања ќе премине во традиција која ќе се организира секоја година во истиот период.
Во продолжение може да погледнете како помина оваа кампања и кои се ставовите на сите оние кои се вклучија во неа.