Еразмус + Обука за млади работници: Зелени вештини за еколошка младинска работа

Регионалниот центар за застапување Делчево заедно со уште 15 земји е партнер на проектот „Зелени вештини за еколошка младинска работа – курс за обука за млади работници “. За таа цел во периодот од 1ви до 5ти ноември 2021 година во Софија, Бугарија ќе се одржи обука за зелени вештини на младински работници. Ги повикуваме сите заинтересирани млади од Делчево и регионот кои сакаат да бидат дел од обуката и да добијат повеќе информации за истата да го пријават своето учество во РЦЗ ( rczdelcevo@gmail.com или на тел. бр. 077 523 981) најдоцна до 25ти Октомври. Бројот е ограничен на 2ца учесници кои се на возраст над 18 години. Согласно моменталните услови за влез во Бугарија, овозможено е патување со вакцинален сертификат, сертификат за прележан Ковид или PCR тест. Сите трошоци за обуката се покриени од страна на организаторот.

Проектот Green You за „еко“ младинска работа е курс за обука за младински работници под
Еразмус + програма на Европската унија. Во проектот ќе бидат вклучени 35 младински работници од 15
организации од Европа. Учесниците ќе развијат „зелени“ вештини за да ја подобрат својата младинска работа преку промовирање еколошко, одржливо и одговорно однесување. Од друга страна, проектот ќе ја охрабри употребата на еколошки практики за намалување и компензирање на „еколошките отпечатоци“ од секојдневните активности на учесниците организации и да ги направи одржлив екосистем.

Ве охрабруваме да се пријавите и да стекнете едно одлично искуство!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)