Закажан семинарот за промоција на резултати

Регионалниот Центар за Застапување од  Делчево во партнерство со Регионалната комора за индустрија од Благоевград, Република Бугарија, закажа “Семинар за промоција на резултатите од проектот” во рамките на проектот “Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјалната кохезима помеѓу Република Македонија и Република Бугарија кој е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.

Семинарот ќе се одржи на 05.12.2014 година во Младинскиот дом, Благоевград, Република Бугарија со почеток во 10.30ч.по локално време.

Истиот е наменет за претставници од граѓанските организации, јавна администрација и претставници од бизнис секторот во прекуграничниот регион, со цел промоција на резултатите од проектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)