
Ни претставува особена чест да ве поканиме на јавниот настан „Искажи го својот проблем и заедно да го решиме” кој ќе се одржи на 14ти јуни во 12 часот, во Градскиот парк на општина Делчево, на кој преку креативна акција младите од општина Делчево ќе ги искажат своите потреби, проблеми и ќе дадат свои идеи за подобрување на состојбата во општина Делчево.
Настанот „Искажи го својот проблем и заедно да го решиме“ е дел од иницијативата за основање на локален младински совет во општина Делчево, во рамките на проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики”, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12те општини во кои се спроведува овој проект е и општина Делчево.
Целта на овој настан на креативен начин младите да ги искажат своите проблеми, потреби и идеи за идно подобрување на нивната состојба. На настанот ќе бидат поставени штанд, табла и кутија на која ќе можат даги запишат своите потреби, проблеми и идеи. По завршувањето на настанот организаторите ќе спроведат анкета во СОУ Методи Митевски Брицо- Делчево, и заедно со проблемите, потребите и идеите од настанот ќе направи анализа на истите и ќе ја достави до Градоначалникот на општината очекувајќи коментар и писмен одговор-реакција на резултатите од анализата на потребите проблемите идеите искажани од младите.
Настанот ќе биде исполнет со интересни содржини преку кои младите посетители и сите граѓани ќе бидат поттикнати да бидат креативни и да дадат идеи околу тоа кои им се проблемите и потребите на младите во општината кои се нивните идеи за подобрување на состојбата.
Преку овој настан јавноста ќе се запознае и информира со потребите, проблемите и предложените идеи на младите од општината.
Го очекуваме вашето присуство.
Со почит,
Иницијатива за создавање на локален младински совет


