Мапирање на основните зелени вештини во младинската работа – Втора работилница во рамки на проектот ЕкоМапа

Изминатиот викенд во областа Сетубал, во Лисабон, Португалија се одржа втората работилница во рамки на проектот Еко Мапа на еколошки практики во младинската работа во руралните и урбаните средини. Оваа работилница имаше за цел да ги мапира основните зелени вештии кои им се потребни на младинските работници откако претходно, на првата работилница во февруари во Делчево, беа утврдени еко практиките кои најчесто ги користат младинските организации.

За време на тридневниот престој во Португалија, претставници на РЦЗ заедно со партнерите од Институтот за културно наследство од Бугарија, имаа можност да бидат гости на партнерската организација Aequalitas од Португалија. Таму се запознаа со начинот на кој функцинонира оваа нова организација, кои се нивните соработници и кои се еко вештините и еко практиките кои ги применуваат младите од Лисабон. Во рамки на работилницата беа организирани неколку посети на млади и организации кои интензивно работат на развивање на еко практиките во главниот град на Португалија. Тие со нас ги споделија нивните искуства, но и предизвиците со кои се соочуваат во еколошката работа. Заклучокот е дека Македонија не отстапува премногу од овие трендови бидјеќи и кај нас, вклучително и во Делчево има организации чија основа цел на функционирање им е промоција на одржливо работење, пермакултура и сл.

Домаќините оваа работилница ја искористија и да не запознаат со најпознатите културно историски знаменитости на градот и околината. Оваа „шарена“ земја е дефинитвно една од најпосакуваните дестинации за живеење и работ на младите од Европа. Освен тоа еколошката младинската работа е вреднувана и институциите ја поттикнуваат и поддржуваат.

Проектот започна во Ноември 2021 година и ќе се реализира во период од 23 месеци. Освен оваа работилница ќе се организира уште една во Делчево и по една во Бугарија и Португалија. Во меѓувреме ќе има настани и активности за подигнување на јавната свест во оваа област. Целта е на крај на проектот да произлезат неколку клучни еко практики кои преку програма партнерските организации ќе се обврзат за нивно имплементирање во својата работа, но и пренесување на своите целни групи. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ (Erasmus + KA21-YOU, Small scale partnership in youth). 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)