
Членови на РЦЗ заедно со млади од Бугарија, Шпанија, Италија, Србија изминатите 10 дена беа дел од проектот Јакнење на младите за време на кризата кој е дел од Еразмус + програмата на Европската Унија.
Во фокусот на овој проект е надминувањето на негативните последици од воведените рестриктивни мерки за време на Ковид 19. Тие за време на престојот во месноста Гергини во близина на Габрово, Бугарија ги споделуваа своите ставови за новите предизвици за работа, студирање, социјална вклученост и граѓански активизам во време на светска пандемска криза. Работејќи во групи тие развиваа механизми за намалување на негативните ефекти од рестриктивните мерки и нивно пренаменување во позитивен ефект врз нивниот личен и професионален развој, заеднички дискутираа и за борба против стереотипите и дискриминацијата врз одредени групи млади луѓе кои дополнително се подгреваат од ситуацијата со СОВИД-19. Заклучоците од настанот се дека се формирале позитивни ставови за справување со пост-епидемиска траума кај младите луѓе, подигнување на јавната свест за функциите и одговорностите на локалните власти во време на криза за да се обезбеди социјална заштита и пристап до здравствени и други услуги.
Во рамки на проектот младите имаа можност да се запознаат со сите знаменитости од овој дел на Бугарија и да посетат повеќе историски и културни знаменитости.







