Нови зелени вештини за младите од РЦЗ

Рената и Емилија се младите членови од РЦЗ кои беа избрани за новиот тренинг курс за развој на зелени вештини кој од 1ви до 5ти ноември се одржува во Софија, Република Бугарија. Во моментот тие развиваат„зелени“ вештини за да ја подобрат својата младинска работа преку промовирање еколошко, одржливо и одговорно однесување. Од друга страна, тие се обучуваат за охрабрување на употребата на еколошки практики за намалување и компензирање на „еколошките отпечатоци“ од секојдневните активности на учесниците организации и да ги направи одржлив екосистем. Учесничките потоа, своето искуство од тренингот ќе го пренесат и на останатите младинци во Регионалниот центар за застапување Делчево.

Овој тренинг е дел од проектот „Зелени вештини за еколошка младинска работа – курс за обука за млади работници“ кој се реализира преку Еразмус + Програмата и во кој РЦЗ е партнер заедно со уште 14 земји од Европа. Ова е трет проект во рамки на програмата во кој РЦЗ е вклучен оваа година со вкупно 8 младинци кои годинава ги јакнеа своите вештини во соседна Бугарија и во областите дигитализација, жиотна средина и медиуми. Во периодот кој следува на повидок се уште поголеми соработи во рамки на Еразмус Програма, затоа ги охрабруваме сите млади од регионот да се вклучат во работата на Младинскиот Хаб во рамки на нашата организација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)