Одржанa заедничка работилница за Мониторинг процес (методологија на Зелена Агенда) во Прилеп

Во периодот од 11 до 13 декември 2015 година, во хотелот Кристал Палас во Прилеп, се одржа работилница со претставници на организации и општини што учествуваат во вториот и третиот круг на реализација на активности во рамките на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени.  На работилницата, членовите на мониторинг групите од вториот циклус на општини работеа на финализирање на мониторинг плановите за следење на реализација на приоритетите од општинските стратегии за климатски промени. Учесниците од третиот циклус на општини ги презентираа реализираните чекори од методологијата на Зелена Агенда и работеа на планирање на следни чекори и активности за креирање на локални стратегии за климатски промени.

На работилницата активно се вклучија и тројца членови од РЦЗ Делчево како имплементатор на процесот за изработка на стратегија за климатски промени на општина Делчево.

На работилницата  имаше  можност да ги слушнат искуствата на општините кои веќе го поминаа процесот за изработка на стратегии за климатски промени и да се разменат искуства и добри практики од спроведениот процес.

На заедничката работилница присуствуваа и извршниот директор на Милиеуконтакт Македонија, Игор Славкоски, координаторот на процесот Зелена агенда, Маја Марковска, како и тренерите од Милиеуконтакт Македонија, Столе Георгиев и Саво Ашталкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)