Онлајн презентација на резултатите од проектот„Интернет суперхерои“

Во рамки на проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк , во среда (30.09.2020 година) со почеток во 11 часот ќе се одржи онлајн настан за презентација на предложените локални проекти кои што се спроведени во Источниот и Југоисточниот плански регион од државата. Односно, РЦЗ ќе ги презентира постигнатите резултати од проектот „Интернет суперхерои“.

Во рамки на самиот настан ќе бидат промовирани постигнувањата од проектите на организациите-грантисти кои се дел од проектот.

Настанот ќе се одржи преку платформата Зум
https://zoom.us/j/93545393359…
Meeting ID: 935 4539 3359
Passcode: 481700

Ќе бидат претставени постигнувањата од проектите водени од следните грантисти:
1. Здружение на граѓани Медиа плус
2. Регионален центар за застапување
3. Здружение на граѓани Скај Плус
4. Мултус

Во првиот дел преку кратки презентации грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата и искуствата од спроведување на проектите за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење, по што ќе следува дискусија со учесниците за идентификуваните потреби на локално ниво, како и можностите за соработка со сите релевантни чинители и институции. “

Повеќе информации како и потврда за учество на настанот можете да добиете на сл. интернет врска тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)