
Здружението на граѓани Регионален Центар за застапување (РЦЗ) е формирано како резултат на трансформација на Центарот за поддршка на невладини организации-Делчево.
Основано во октомври 2006, со седиште во Делчево.
РЦЗ-Делчево е непрофитна, невладина и непартиска организација основана со слободно здружување на граѓаните претставници на НВО, претставници ан бизнис секторот и претставници на локалната власт, со цел да се продолжи со основната функција која ја имаше ЦП НВО-Делчево, зајакнување на граѓанското општество.