
Претставници на 11 општини од Косово, здруженија на граѓани и фармери денес во Делчево споделуваа искуства за успешно реализираните проекти со средства кои Европската Унија преку разни фондови ги насочува кон земјите од Западен Балкан. Откако остварија средба со претставници на Општина Делчево тие се сретнаа и со претставнции од НВО секторот од општината кои работат во различни области.

На средбата се разговараше за можностите за заедничка соработка пред се во делот на аплицирање на европски проекти каде за користење на европските средства некогаш е задолжително партнерството од странски држави за да можеме и заеднички да бидеме дел од тие проекти. РЦЗ истотака размени контакти и разговараше за конкретна соработка за тековни отворени повици во делот на одржлив развој, зајакнување на капацитетите, застапување во различни области и рурален развој. Организациите од Косово имаат голем интерес за соработка со македонските во секоја област која може да доведе до заеднички развој.
Средбата беше во организација на Фондацијата Преда Плус – Косово, а финансирана од Германската Влада.