
Во периодот од 16 до 18 септември во Дојран се одржа тридневна работилница на тема „Пазарот и младите претприемачи“ која е прва активности во рамки на проектот „Генерација Y-Not, заедно градиме успех“ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје. Целта на оваа работилница на која присуствуваа млади, претставнци од НВО, локални институции и млади претприемачи беше да се разменат мислењa и искуства и да дискутираат за можностите за започнување сопствен бизнис. Имено помеѓу дел од присутните имаше млади кои веќе имаат успешен бизнис на 17 години. Тие со останатите учесници ги споделија сите информации за почетоците, предизвиците и проблемите со кои се соочиле, но споделија и tips & tricks како да бидат успешни во она што го прават.


Меѓудругото, учеснциите научија нешто повеќе за состојбата на пазарот на труд и најбараните занимања во нашиот регион. Имаа можност заедно со обучувачот да научат повеќе за социјалното претприемништво, воопшто претприемништвото, социјалните иновации, како и примери од пракса на младинско и женско претприемништво од Македонија и Бугарија.






Во текот на годината РЦЗ ќе го спроведува проектот „Генерација Y – NOT заедно градиме успех“ кој ќе има за цел да ја отстрани постоечката бариера на граници и да се промени пристапот и начинот на размислување на младите за заеднички активности. Целни групи се студенти, невработени млади луѓе, волонтери, младински организации и млади претприемачи.
Проектните активности кои ќе се реализираат преку овој проект треба да ја поттикнат прекуграничната соработка со млади луѓе, невладини организации, институции и претпријатија кои го промовираат концептот на социјално претприемништво. Нашата организација и клучниот персонал се искусни и имаат долгорочна соработка со сите засегнати страни, но овој проект ќе биде можност таа соработка да се развие од другата страна на границата.