
Како може еко практиките да станат алатка за вклучување и пристап до изолирани групи млади луѓе и како тие практики да се прилагодат и да бидат алатка за непречена транзиција кон зелена одржливост на организациите во руралните и урбаните области? Ова се двете прашања на кои младинските работници од Делчево даваа свои одговори во рамки на првата работилница која се организира како дел од проектот „Патоказ на еколоши практики во младинската работа во руралните области и урбаните предградија“. Истоимената работилница се одржа во периодот од 11-13 Февруари во Делчево, а домаќин беше Регионалниот центар за застапување Делчево кој заедно со Институтот за културно наследно од Бугарија и Организацијата Aequalitas oд Португалија партнерски го спроведуваат овој проект кој е дел од Еразмус + Програмата.

На работилницата околу 15 млади од регионот имаа можност да ги споделат своите искуства и знаења за еколошките практики и нивната примена во секојдневните работа и живеење. Имено, имаа можност да постетат и две локации кои се одлични примери за имплементацијата на еко практики, одржливост и промоција на концептот за зелена економија, зачувување за животната средина и сл. Беа посетени Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево и Центарот за одржливи практики „Природна перспектива“ во с. Стар Истевник.


Проектот започна во Ноември 2021 година и ќе се реализира во период од 23 месеци. Освен оваа работилница ќе се организира уште една во Делчево и по една во Бугарија и Португалија. Во меѓувреме ќе има настани и активности за подигнување на јавната свест во оваа област. Целта е на крај на проектот да произлезат неколку клучни еко практики кои преку програма партнерските организации ќе се обврзат за нивно имплементирање во својата работа, но и пренесување на своите целни групи.
