Повик за основачко собрание на ЛМСД

Почитувани,

 Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Локалниот младински совет во општина Делчево кое ќе се одржи на 16.01.2015во 12.00 часот.

Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации, како и други младински структури кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативата. 
Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи до формираната Комисија за верификација на апликациите на следните е-маил адреси: valerijas@yahoo.com, ljupka_07_18@yahoo.com, b35n4k@gmail.comdark.cfc.mk@gmail.comtstoimenovski@gmail.com

 Задолжителни документи

1.       Портфолио за работа на организацијата/неформалната група

2.       Мотивационо писмо за учество не повеќе од  300 збора.

 Документи кои ја потврдуваат работата на организацијата/структурата. (не се задолжителни, но се преферираат)

1.       Статут

2.       Годишни извештаи за предходната година

3.       Тековна состојба на организацијата


Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е до 06.01.2015 до 16 часот 2014 годинаа до 09.01.2015 да бидат доставени и оргинал документи по пошта на адреса  Маршал Тито бр.184, 2320 Делчево, Република Македонија. До 09.01.2015 ќе бидат известени сите одобрени организации кои ќе учествуваат на основачкото собрание, а веднаш потоа ќе биде објавен и повикот за пријавување на делегати од избраните организации, кои што ќе аплицираат за позиција Претседател и членови на Управен одбор на ЛМСД.

Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници наИницијативниот одбор за основање на Локален младински совет.

 Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)