Повик за учесници за Еразмус + младинска обука

Регионалниот центар за застапување – Делчево заедно со уште  5 организации од Бугарија, Италија, Шпанија и Србија, се дел од проектот „Strengthening youth in time of crisis“ во рамки на Еразмус + програмата на Европската Унија. Како дел од активностите е организирање на практична обука во  Р. Бугарија на која ќе имаат можност да учествуваат млади од Делчево.

Обуката ќе се одржи во периодот од 25.07.2021- 03.08.2021 година во Габрово, Бугарија. Од пријавените ќе се изврши селекција на 5 учесници (четворица на возраст од 13-30 години и еден лидер на групата над 18 години) кои  ќе имаат можност да се вклучат во проектот и да  стекнат нови  знаења, вештини и компетенции во различни области. Тие ќе се обучуваат за нови дигитални вештини за поттикнување на младинската иницијативност, волонтирањето, доживотното учење итн. Освен тоа ќе имаат можност да ги подобрат своите јазични и социјални вештини, писменост, лидерство, тимска работа, иницијатива итн.  Учесниците ќе имаат можност да формираат  позитивен став кон дигиталните алатки како начин за поголемо вклучување на младите во општествените процеси. Идејата на проектот освен текнување нови вештини ќе биде и да се поттикне споделување на европски вредности и можности „Еразмус +“ и подобро да се  разбере културната разновидност и меѓукултурната комуникација.  

Заинтересираните млади може да се пријават на мејлотот на РЦЗ  – rczdelcevo@gmail.com или на тел. 077/523-981 и да ги добијат сите подетални информации (агенда, линк за регистрација) околу настанот.  Пријавувањето е најдоцна до 14.06. (понеделник) РЦЗ во процесот на селекција ќе обрне посебно внимание на еднаква родова застапеност на учесниците.  Сите трошоци поврзани со транспорт, сместување и храна се обезбедени од страна на организаторот.

Младите се иднината на нашето општество. Тие се иноватори и генератори на идеи. Сепак, тие треба да бидат охрабрени за активно учество во овие процеси на генерирање нови идеи; треба да им се помогне во процесот на реализирање на нивната клучна улога во иднината на нашето општество; тие треба да бидат поддржани во процесот на развој и стекнување на нови вештини, знаења и компетенции, вклучително и дигитални вештини како основа за активно учество во денешниот дигитален свет.

Ве очекуваме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)