Покана за прва работна средба на работните групи од Делчево и Благоевград

Почитувани,

            Во име на Проектот „Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија“Ве покануваме на првата дводневна средба наменета за целните групи во проектот.

Целта на средбата е да се соберат релевантни претставници од локалните самоуправи, Советите на општините, граѓански организации и претставници од бизнис заедницата на  Општина Делчево, Р.Македонија и Општина Благоевград, Р.Бугарија за  да се дискутираат предизвиците на Социјалната инклузија преку можностите за продлабочување на соработката помеѓу субјектите од двете страни на границата.

Покрај главната цел од проектот очекуваме да бидат исполнети и следните цели:

Развој и воспоставување на постојана структура за регионален Центар за Граѓански Иницијативи  во анализа, обука, образование и советување; Воспоставување на “работното место за обука” во локалната администрација и граѓански здруженија од комбинација на учење на далечина, систем “учење – акција” и трансфер на добрите практики; обука на наставниците и советниците за ефикасно користење на учење на далечина и “учење – акција.”; формирање и развој на потребните надлежности за развој на регионалната економија базирана на знаење; Воспоставување на механизми за подобрување на соработката меѓу администрацијата, претприемачите, академски граѓани со цел економски развој на двата региони и развој на социјалната кохезија во регионот; Спроведување на обука за формирање и развој на вештини за тимска работа, стратешко планирање на бизнисот, развој и управување со проекти; Трансфер на добри практики;  и Стабилизирање и проширување на активностите на партнерските организации кои работат на проекти;

Сите заинтересирани своето присуство да го пријават на e-mail: rczdelcevo@gmail.com или на телефоните на РЦЗ Делчево: 033 511 940, 078 201 794, 077 915 936.

Првата средба на целните групи и засегнатите страни ќе се одржи на 28 и 29 мај на планината Голак кај Делчево.

Тргнувањето е на ден 28 мај 2014 (среда) во 10:00 часот пред спомен домот АСНОМ во Делчево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)