
РЦЗ на 19 Март го одржа првиот координативен состанок за утврдување на приоритетите и насоките за начинот на функционирање на работа на првиот Младински Хаб во Делчево. На состанокот присуствуваа претставници од повеќе локални институции чие вклучување во овој проект ни е повеќе од потребно. Меѓу присутните имаше претставници од двете основни и средното училиште, бирото за развој на образованието и просветниот инспекторат, АВРМ, центарот за социјални работи, Црвениот Крст, Општина Делчево и локалните медиуми. Заеднички се дискутираше и се утврдија приоритетите кои се потребни за ефикасно функционирање на Хабот.

Во наредниот период ќе се одржат уште два вакви состаноци со младите и експретите од областа и од сите заклучои ќе биде креирана страгетија со акциски план за функционирање на хабот во наредните 2 години. Активноста е дел од проектот Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво во чии рамки ќе се формира младински центар, кој ќе биде збирно место на младите за развивање на своите идеи и иницијативи.

-Регионалниот центар за застапување ќе биде тука да ја изрази поддршката за младите во човечки ресурси со техничка опрема, со цел да им се помогне во развивањето, реализирањето и финансирањето на нивните идеи. За таа цел денес имавме координативен состанок со претставници на локалните институции од Делчево, а потоа ќе следуваат состаноци и со младите и експертите, по што од сите тие заклучоци ќе направиме акциски план, како понатаму ќе функционира овој Младински Хаб.
Активноста е во рамки на проектот „Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво“ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје кој ќе се имплементира до месец ноември 2021 година.