Претставници на петте ЛАГОВИ од Источна и Југоисточна Македонија на студиска посета на Република Хрватска

Во периодот од 5ти до 9ти септември како дел од активностите на проектот  „ЛАГ-НЕТ во Источен и Југоисточен плански регион“, здружението ЦЕЛОР од Радовиш организираше студиската посета на ЛАГ КАРАШИЦА и ЛАГ ПРИЗАГ во Република Хрватска. Учество на студиската посета зедоа претставници од петте лагови од источниот и југоисточниот регион на Македонија. Дел од пет дневната посета на Хрватска беа претставници на ЛАГ Пијанец Малеш, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Беласица Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Брегалница. 

Целта на оваа студиска посета на ЛАГ-овите во Република Хрватска беше запознавање со нивната работа и размена на искуства при спроведување на програмите од ЛИДЕР во една европска земја. Учесниците посетата ја започнаа со состанок во просториите на ЛАГ Карашица со членовите и претседателството на ЛАГ-от лоциран во општина Петријевци каде имаа можност да се запознаат со работата на овој Лаг, проектите кои ги спроведува и предизвиците со кои се соочиле од почетокот на нивното регистрирање во 2009 година до денес. Состанокот беше заокружен со посета на дворец и музеј во соседно Валпово и кратка тура низ Општина Белиште.  ЛАГ ПРИЗАГ беше втората посета на локална акциона група во Хрватска на која поздравен говор и презентација имаше претставник на Лагот и градоначалникот на Нови Мороф. Потоа беше организирана посета на ОПГ Јакоповиќ – “Куќа на магичната трева“ каде имаше презентација на органска козметика. Во текот на денот посетени беа, винарија „Вински врв“ Болфан каде се одржа и кратка презентација на „Болфан“ и развојот на руралниот туризам и детска градинка финансирана од Европскиот Фонд за Земјоделие.

Студиската посета заврши со патување до Камник, Република Словенија, каде се одржува фестивал на ЛАГ-ови, на кој учество зедоа повеќе од 70 ЛАГ-ови од 9 земји членки на ЕУ. Претставниците од Македонија имаа можност да се лично да се запознаат со нив да разговараат за нивната работа и да разменат искуства и контакти за понатамошна соработка. 

ЛАГ-овите претставуваат облик на јавно приватно партнерство во кое се вклучени НВО секторот, бизнис заедницата и локалните самоуправи. На овој начин населението во руралните средини ќе има можност директно да ги посочи своите барања и потреби во однос на развивање на руралните средини, од апсект на подобрување на руралната инфраструктура, развивање на руралниот туризам и подобрување на животната средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)