Работилница: Како да ги имплементираме еколошките практики во нашите средини

Креирање работна програма за  имплементација на еколошки практики во младинската  работа во рурална средина и урбаните предградија“ беше темата на 4тата работилница во рамки на проектот ЕкоМапа кој изминатиот викенд се одржуваше во Струга. Работилницата е дел од Еразмус проект насочен кон утврдување и имплементација на еколошки практики и вештини во младинската работа во руралните средини и  урбаните предградија. Партнерството е помеѓу НВО од Делчево, Златица – Бугарија и Лисабон- Португалија. 

Целта на работилницата беше  заедничка изработка на работна програма за имплементација на еколошки практики во младинската работа, олеснување на пристапот до тешко достапните млади и маргинализирани групи; воведување  на иновативни еколошки практики во работењето на граѓанските организации.  Процесот се одвиваше преку презентации, дискусија, работа во мали групи, повратни информации – фидбек. За време на работилницата имаше и практични демонстрации на еколошки практики за младинска работа кои јасно ќе ги претстават добрите практики на учесниците. Овие демонстрации ја охрабрија креативноста на учесниците да развијат нови младински практики, да ги искусат придобивките од нивната примена за  животната средина и еколошки пристапи во младинската работа. На работилницата генерално се користеа неформални методи на едукација.  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)