РЦЗ дел од 6те нови грантисти на Коалицијата на младински организации СЕГА

Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ поддржан од Европската Унија, додели 6 грантови на граѓански организации од Република Северна Македонија.

На 30 август 2022 година се одржа Официјална Церемонија за потпишување на Договори за Грант со граѓански организации.

Грантови беа доделени на следните 6 граѓански организации:

  1. Центар за младински активизам ЦМА КРИК – Скопје
  2. Евротинк – Центар за европски стратегии Скопје
  3. Младински културен центар – Битола
  4. Здружение Асоцијација за демократска иницијатива – Гостивар
  5. Здружение Организација на жените на општина Свети Николе
  6. Здружение Регионален центар за застапување – Делчево

Доделените грантови, ќе се реализираат во наредните 12 месеци, и ќе делуваат кон јакнење на влијанието на граѓанските организации кои работат со млади во процесите на креирање политики и донесување на одлуки, посебно на локално ниво.
Во рамки на Јавниот Повик за Доделување Грантови беа пристигнати 71 апликации од кои 52 организации ја поминаа административна проверка како и проверка за подобност и беа бодувани од Комисија за евалуација на предлог проекти.

РЦЗ ќе го имплементира проектот „Младински глас за локална акција“ кој ќе вклучува низа активности и настани наменети за младите од регионот. Во рамки на проектот ќе има обуки за кариерно насочување, подкасти со млади, истражување за состојбата на пазарот на труд во регионот и младински камп за кариера.

Програмата за доделување на грантови е во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, кој се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово, СОС Детско Село и Волонтерски Центар Скопје. Овој проект е финансиран од Европската Унија, во рамките на ИПА програмата за поддршка на мрежи и платформи на граѓански организации во Република Северна Македонија, со референтен број EuropeAid/167061/DD/ACT/MK.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)