РЦЗ најуспешен во областа невладин сектор за 2018 на Истокот

Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ на последниот одржан состанок во Штип ги избраа најдобрите во повеќе области за годинава која изминува. Во областа невладин сектор, Регионалниот центар за застапување од Делчево е едногласно избран за најуспешен во оваа категорија за 2018 година и е единствен награден од Делчево.

Награди се доделуваат и во областите наука, стопанство, хуманост, странска компанија, општествена одговорност, култура, новинарство, менаџмент, спорт, образование и здравство. Манифестацијата „Најдоброто од Истокот“ е единствена од ваков вид  во источна Македонија и се оддржува по петти пат.

Свеченото доделување на признанијата за компаниите институциите и лицата кои со своите дела придонесуваат кон создавањето на убавата слика за источниот регион ќе се случи во месец февруари на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ во Свети Николе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)