РЦЗ подготвува стратегија за надворешна комуникација на Општина Делчево

Со одредување на стратешките приоритетни области и стратешки цели, денес беше заокружен пратиципативниот пристап во процесот на изработка на стратегијата за надворешна комуникација на општина Делчево. Проектот кој треба да заврши до крајот на годинава го спроведува Регионалниот центар за застапување, а е финансиран од Општина Делчево преку Програмата за годишно финансирање на граѓански здруженија.  Претходно во текот на изминатите месеци РЦЗ спроведе сеопфатна анализа на , а спроведе и неколку истражувања – прес клипинг за првите шест месеци од годината, анализа на досегашните канали за комуникација и постоењчките промотивни материјали.  Потоа следуваше онлајн анкета за мерење на задоволството кај граѓаните и интервјуа со градоначалникот и лицето задолжено за односи со јавност .

  • Резултатите кои ги добивме од истражувањето даваат многу простор за работа и подобрување на ситуацијата. Задоволството кај граѓаните е на задоволително ниво меѓутоа треба многу работи да се променат. Недостасува континуирано подобрување во делот на медиумска промоција на општината и локалните институции, наспроти известувањето за дневните настани и користењето на сопствените канали за комуникација на општината. Клучно е подобрување на бројките во делот на подобро информирање на јавноста, усовршување на комуникациските канали, поголема транспарентност на општинскиот совет и можност граѓаните активно да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво, било тоа да е преку иницијативи или учество на седниците.

Стратегијата согласно реалната ситуација ќе развие конкретни алатки, препораки и активности за подобрување на бројките, а истовремено ќе развие акциски планови за конкретно делување со човечки и финансиски ресурси за определен временски рок. На крај од секоја година ќе се прави евалуација и ќе се следи подобрувањето согласно стратешките цели.

Во наредната фаза, работната верзија на документот ќе биде поставена електронски на  15 дневно разгледување од страна на граѓаните по што следи нејзино донесување на совет. Со донесувањето на овој стратешки документ Општина Делчево ќе биде првата во регионот Малеш-Пијанец која ќе има формално регулирани комуникации со јавноста заедно со уште три пропратни прилози – план за кризно комуницирање , план за комуникација со медиумите и план за управување со настани.

One thought on “РЦЗ подготвува стратегија за надворешна комуникација на Општина Делчево”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)