
На тема „Споделување на знаење и искуство за подобро општество“ во Делчево се одржа форум на граѓански организации на кој учествуваа 30 претставници од граѓанскиот сектор и локалните институции од 5 општини на крајниот исток. На форумот своја презентација имаа и претставници од Регионалниот Центар за застапување.

Настанот беше во рамки на УСАИД програмата за граѓанско ангажирање во организација на КХАМ. На тема „Преку споделување на искуства до подобро општество“ невладините организации од 5 општини Делчево, Берово,Пехчево, Виница и Македонска Каменица и претставниците на одделенијата на ЛЕР од истите општини дискутираа за воспоставувањето на механизми за партиципативно учество на граѓаните во креирање на локално ниво.

Форумите се организаираат со цел донесување на ефикасен модел на граѓански дијалог со локалната сампоуправа, а се во функција на транспарентност и отчетност на институциите на локално ниво. Главна интенција на денешниот настан е заложбата за иницирање постапка пред локалните самоуправи за воведување на институционален механизам за подобра соработка на граѓанските организации со локалните самоуправи