РЦЗ со млади од Делчево на работилница во Бугарија во рамки на Еразмус плус

Во периодот од 07-ми до 16-ти Октомври, 2018 год. Регионалниот Центар за Застапување учествуваше во младинска работилница “Дали знаеме правилно да слушаме, гледаме и пишуваме правилно?” во рамките на проектот “Медиумска писменост помеѓу младите”, на Еразмус + програмата, КА1 – Мобилност за учење на индивидуи. Учество на работилницата земаа 5 млади од Делчево, кои се актвини волонтери во Регионалниот Центар за Застапување.

Проектот собра околу 25 претсатвници од Бугарија, Македонија, Србија, Португалија и Унгарија, во Велико Трново, Бугарија. Целта на работилницата беше да ја подобри медиумската писменост кај младите, поттикнувајќи критичко размислување, креативност при креирањето, распространувањето и споделувањето на медиумските содржини.

Истовремено, младите учесници се запознаа со културата традицијата и обичаите на сите држави учесничи во проектот, а се споделија и најразлични искуства и добри практики помеѓу младите претставници.

Проектот им овозможи на младите претставници да посетат некои локални медиуми и одблизу да се запознаат со нивната работа, начините и методите, кои ги практикуваат за да подготваат добри медиумски содржини. А имаа и можност да го запознаат градот заедносо неговите убавини и знаменитости.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)