
„Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Малеш-Пијанец“ е проектот кој почнувајќи од месецов па до крајот на годината ќе го спроведува Регионалниот центар за застапување од Делчево. Се работи за проект чија цел е јакнење на капацитетите на граѓанските организации и заинтересираните страни од источниот регион за процесите на креирање политики и донесување одлуки за теми поврзани со животната средина. Преку проектот ќе се прават Мониторинг и евалуација на јавните политики поврзани со животната средина во микро регионот Малеш-Пијанец , ќе се зајакнат капацитетите на претставници од локалните самоуправи, граѓанските организации и медиумите од регионот во повеќе области на зачувување на животната средина и учество на јавноста во процесите на донесување на одлуки. Истовремено, ќе се спроведе кампања за подигнување на јавната свест кај населението од микро регионот Пијанец-Малеш за зачувување на животната средина.
Проектот е регрантиран во рамки на Проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, кој е финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година, и се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со ЗИЖС Развојна програма, во периодот од 15 јануари, 2018 година до 15 јануари, 2021 година. РЦЗ овој проект ќе го спроведува во партнерство со ЗГ „Здравец 2002“ од Македонска Каменица и ЗГ „Амброзија“ од Пехчево.