
Во рамки на проектот „Еко мапа на еколошки практики во младинската работа во руралните подрачја и урбаните средини “ во периодот од 24 -26 Јуни во Пирдоп, Бугарија се одржа третата работилница планирана за овој период од имплементацијата на проектот. Работилницата на која учествуваат претставници од околните бугарски општини, бизнис секторот, стручни училишта, младински работници и членови на невладини организации имаше за цел да ги утврди потенцијалните stakeholders односно засегнати страни кои работат на полето екологија и животна средина, а кои директно или индиректно би можеле да се вклучат во активностите на овој проект. На првиот ден од работилницата домаќините Институт за културно наследство Бугарија, го презентираа нивниот дел и свои излагања имаа присутните претставници на институции, компании и организации. Генерално сите од нив без разлика на областа во која делуваат посебен дел од своите ресурси издвојуваат за еколошки активности или општествено одговорни настани со кои се вклучуваат и финансираат активности за зачувување на животната средина.



Вториот ден беше резервиран за презентациите на проектните партнери односно Регионален центар за застапување Делчево и Aequalitas Португалија, ги презентираа листите на своите засегнати страни и ја опишаа досегашната сорботка со нив на теми поврзани со животната средина.




На листата на нашата организација се најдоа 70 засегнати страни од кои најмногу НВО, локални самоуправи, младински работници и волонтери и бизнис заедницата. Досега со нив директно или индиректно сме работеле на различни проекти и иницијативи и имаме соработка на високо ниво особено кога се работи за темата екологија и животна средина.
Во рамки на работилницата беа посетени културно историски знаменитости на областа, еден од поголемите расадници во овој регион од Бугарија и нова регионална депонија за селекција на отпад. На последниот ден од страна на проектните партнери беше направена и инсталација со продукти од пластика на железничката станица во населеното место Антон со цел да се подигне свеста за управувањето со овој вид отпад.






Проектот започна во Ноември 2021 година и ќе се реализира во период од 23 месеци. Освен оваа работилница ќе се организира уште една во Делчево и по една во Бугарија и Португалија. Во меѓувреме ќе има настани и активности за подигнување на јавната свест во оваа област. Целта е на крај на проектот да произлезат неколку клучни еко практики кои преку програма партнерските организации ќе се обврзат за нивно имплементирање во својата работа, но и пренесување на своите целни групи. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ (Erasmus + KA21-YOU, Small scale partnership in youth).