
Изминатиот викенд во Дојран, Регионалниот центар за застапување ја организираше третата по ред, а воедно и последна работилница од циклусот јакнење капацитети во рамки на проектот „Генерација Y-Not, заедно градиме успех“ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје. Темата на оваа работилница беше младинското и родово базираното претприемништво наменета за 20 млади лица, студенти и средношколци, професори, претставници на локални институции од регионот.

Целта на работилницата беше унапредување на знаењата во делот на младинското и родово базираното претприменишво во регионот. Теоретскиот дел се состоеше од презентации за социјално претприемништво, социјални претпријатија и социјални претприемачи. Истотака учесниците се запознаа и со придобивките од циркуларната економија, а беа претставени и можностите кои ги нуди нашата земја за вработување на млади лица. Со нив беа споделени информации и корисни линкови на кои може да ги следат сите информации за младинксо вработување.

Во делот на практични вежби учесниците правеа симулација на интервју за работа и изработија две комплетни сценарија за организирање регионален саем за вработување (едниот со физичко присуство, а другиот виртуелен).

Проектот „Генерација Y-Not, заедно градиме успех“, РЦЗ го спроведува во периодот Јуни 2022-2023 година и во рамки на иститот освен работилниците се снимаа два подкасти и се спроведе истражување на деловната ситуација во регионот. Проектот ќе се заокружи со Мeetup, како завршен настан во првата половина на јуни.
