Тридневна обука за грантистите на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“

Во периодот од 11 до 13 декември 2019 година, во Хотел Парк и Спа, Скопје беше одржана тридневна обука за грантистите во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“.

На обуката беа присутни претставници на 11 граѓански организации и 10 медиуми кои се дел од втората грантова шема на проектот, која се спроведува во периодот од октомври 2019 до март 2020 година.

На првиот ден од обуката грантистите имаа можност подетално да се запознаат со основите на управување со проектен циклус, изработка на план за мониторинг и евалуација како и за можностите за вмрежување преку Мрежата за медиумска писменост. На вториот ден, акцентот беше поставен на комуникациите и видливоста, како и продлабочување на знаењата на грантистите на следниве теми: критичко мислење како основа за медиумската писменост, улогата и функциите на медиумите во општеството, употреба на методологијата за проверка на факти, слобода на изразување наспроти говор на омраза итн.

Третиот работен ден беше предвиден за развој на политики, развивање на социјалните медиуми како и методи на унапредување на соработка помеѓу граѓанските организации и медиумите.

окрај претставниците на проектниот тим, на обуката свој придонес дадоа Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), која се осврна на работата на Мрежата за медиумска писменост, како и Билјана Ѓонеска од Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), која посуштински ја објасни врската помеѓу критичкото размислување и медиумската писменост.

На тридневната обука беа присутни претставници на следниве организации: Здружение Мултикултура, Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Скај Плус Струмица, Центар за едукација, култура и активизам МУЛТУС – Гевгелија, Здружение за мултикултурна интеграција ИНКЛУЗИЈА Охрид, Регионален центар за застапување, Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка Прилеп (АГТИС), Центар за аудиовизуелни уметности, Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – ПРОГРЕС, КриејтивЕјт – Младинска филмска продукција, Здружение на граѓани Контрапункт- Скопје,

Од медиумите кои воедно се партнери на граѓанските организации во спроведувањето на нивните проекти присутни беа претставници на: Портал Бон Зо, ТВ ГЛОБИ, ТВ Канал ВИС, Радио Тајм ФМ, ТВ Нова 12, Портал ДРНКА, ТВ М, ТВ Стар Штип, Радио Пела, Портал АБЕРЏИЈА, Портал 24 вакти, Портал Окно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)