ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање млади лица  во рамки на Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш

Глобален еколошки фонд   Програма за мали грантови –

ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија

—–   Локални акции за глобално влијание   —–

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање млади лица  во рамки на Проектот „Одржливо управување со електорнски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш

Вторник 29.03.2022, Делчево

Регионалниот центар за застапување Делчево, во рамки на проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш“, објавува

Јавен повик

За ангажирање на 6 млади лица од регионот за проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш“ со цел нивно професионално обучување за дијагностика и сервис на електронски уреди (телефони, таблети, компјутери и бела техника – мали апарати). Обуката ќе биде во времетраење од 12 месеци, распоредено во 10 сесии, во периодот од 10.05.2022 до 09.05.2023 година. Кандидатите треба да бидат на возраст од 15 до 30 години.

За потребите на обуката ќе бидат ангажирани вкупно 6 лица:

2- Општината Делчево

2- Општина Македонска Каменица

2- Општина Пехчево

Обуките ќе се одржуваат во посебни и соодветно уредени простории во горенаведените градови. На располагање на ангажираните лица ќе им биде и нова соодветна опрема за дијагностика и сервис.

Квалификации на пријавените :

  • Завршено минимум средно образование
  • Основни познавања од работа со различни електронски уреди
  • Одговорност и сериозност во текот на целата обука
  • Ангажман и посветеност на сесиите
  • Амбиција добиеното знаење да го искористат и понудат на локалната заедница

Обуките ќе бидат водени од искусни и професионални лица од областа.

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок за основни трошоци за времетрањето на обуката. По завршување на обуката, Регионалниот центар за застапување не презема обврска за вработување на ангажираните лица.

Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес (мотивациско писмо) и кратка биографија (CV) на електронската адреса: rczceldevo@gmail.com со назнака „За јавен повик за ангажирање млади лица во рамки на проектот“Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш“ најдоцна еден месец од објавувањето на повикот, односно до 29.04.2022 година.

Пријавените кандидати ќе поминат процес на селекција, Регионалниот центар за застапување при изборот ќе води грижа за еднаква родова, етничка и социјална застапеност на ангажираните лица.

Доколку имате некое прашање поврзано со повикот може да не контактирате на

077 523 981 – Родна Деолска, Координатор на проектот

Со почит,

Регионален центар за застапување Делчево

www.rcz.delcevo.org.mk

One thought on “ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање млади лица  во рамки на Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)