ВИДЕО: Младински летен камп за социјално претпримеништво

На планината Голак во Делчево вчера започна дводневниот младински камп за социјално претприемништво, на кој учествуваат 50 млади лица од неколку општини во регионот.

Организатор на настанот е Регионалниот центар за застапување од Делчево чиј координатор Родне Деолска информираше дека кампот се реализира како дел од проектот „Бизнис развој за млади преку социјално претприемништво”.

-Вчера на агендата имавме дел работни активности, дел слободни активности, дел работни сесии во кои младите се запознаа со поимот Социјално претприемништво, но и со она клучното, а тоа е како да развијат некоја локална иницијатива, која кога ќе ја преточат во бизнис план, фокусот треба да биде Социјалното претприемништво. Она што остава впечаток е дека младите се задоволни и од работните сесии, но и слободните активности и добро е што младите кои учествуваат се од различни градови, па можат да си разменуваат искуства меѓу себе, рече Деолска.

Експертот за претприемништво, Јулијана Даскалов, денеска очекува младите да претстават квалитетни идеи, кои потоа би се развиле во конкретни активности.

-Многу е важно да се знае дека младите овде ќе научат што значи бизнис план, како да направат буџет, разговараме за тоа како да креираат една слика од идеја до производ, една цела слика и секако ќе имаат можност да слушнат како е во Европа и светот, но ќе зборуваме многу за тоа што значи Европа 20/20 и зошто Европа е фокусирана да даде поддршка на социјалното претприемништво, додаде Даскалов.

За младите учесници на кампот најважно е што во негови рамки имаат можност за споделување искуства преку заедничка дружба.

-Јас сум Емилија Стоичова од Македонска Каменица, ова е една убава дружба за нас, после сето тоа со пандемијата, многу е подобро да се дружиме. За темата веќе се согласуваме со социјалното претприемништво и го сфаќаме на различен начин.

Чувството е прекрасно, споделуваме идеи и заедно се дружиме, а еве сега имаме и рекреативни активности за уште поголема дружба, истакна Магдалена Ѓеоргиевска од Делчево.

За рекреативниот дел од кампот беше задолжени лиценцираниот планинарски водич и претседател на Планинарскиот спортски клуб „Голак”, Љупчо Чучуковски кој заедно со младите реализираше планинарски марш до врвот Чавка. Претходно во рамки на овој проект беше формиран и првиот Младински Хаб во Делчево

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/922642571800451/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)