
Втората средба на целните групи се одржа на 16 и 17 јуни во Младинскиот дом во Благоевград, Република Бугарија. Средбата беше наменета за целните групи во проектот „ Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија”.

На средбата присуствуваа околу 50 учесника ( 25 учесника од македонска страна и 25 учесника од бугарска страна). На работилницата засегнатите страни беа претставници на локалните самоуправи, општинските совети, бизнис секторот, здруженијата и сите заинтересирани граѓани кои разменаија меѓусебни искуства и практики чија цел беше да придонесат до зголемување на соработката во прекуграничниот регион Делчево – Благоевград и подобрување на локалниот економски развој и зголемено искористување на фондовите од ЕУ.

Настанот „Дводневна средба на заинтересираните страни за размена на искуства“ е дел од проектот “Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија”, финансиран од страна на Европска Унија ( ИПА програма Прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија), а е воден од Здружението Регионален центар за застапување Делчево.
